March 28, 2024

Табла со ликовите на Гоце Делчев и Димче Могилчето ќе ги пречекува посетителите на Општина Могила

Во пресрет на 120 годишнината од херојската смрт на Гоце Делчев, денес на самиот влез во Општина Могила е поставена табла со ликовите на Гоце Делчев и Димче Могилчето. Убавата вест ја сподели на својот Фејсбук рофил градоначалникот Драганчо Саботковски.

“…Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија…” – Гоце Делчев.

Великан, идеен творец и столб на Илинденското востание.

Во година на значајни историски јубилеи за државноста и самобитноста на македонскиот народ и македонската држава, општина Могила ги одбележува и слави хероите, делата и вредностите од најсветлите страници на нашата историја.

Одбележувањето на Илинден, сеќавањето и почитувањето на ликот и делото на Гоце Делчев и Димче Могилчето се меѓник на вкрстување на минатото и иднината, предупредувајќи нѐ дека не можеме да одиме напред, ако се откажеме од историската вистина и непобитност за нашето постоење.

Делчев, од една страна, нѐ предупреди дека македонскиот народ страда од делата и предавствата на своите синови, но од друга страна, нѐ научи Македонија е нераскинлив дел од секој од нас, дел кој мора да го сакаме, заштитуваме и негуваме за да може да живее и опстојува.

Македонија ги памети своите синови, кои ги положија животите на олтарот на татковината, оставајќи ни аманет дека македонскиот јазик, македонскиот народ и македонскиот идентитет мора да живеат.

ИДЕАЛОТ ВАШ Е АМАНЕТ НАШ!


1063