Жртва на врсничко насилство е виновникот што во Белград денеска уби свои наставници и соученици во училиштето „Владимир Рибникар“

Коста Кецмановиќ, роден на 30.07.2009 година е ученикот кој во белградското училиште „Владимир Рибникар“ кој уби 8 лица, а 7 се повредени и во животна опасност.
Според прес конференцијата којашто е во тек во живо од српската влада, во 8.40 часот наутро во полиција се јавила заменик директорката и пријавила дека дете влегло со оружје и пука, тргнале полицајци. По 20тина минути, Коста Кецмановиќ се јавил на истиот полициски телефон, се претставил и на дежурниот полицаец му кажал дека пукал во луе во училиштето и дека убил некои од нив. На лице место детето било приведено, без никакви проблеми. На инспекторите на терен вeднаш им кажал дека го планирал пукањето и убиваањето еден месец. Затоа што училницата за историја била блиску до задниот влез влегол оттаму, а првиот час по историја го имале токму неговите соученици од седмо (7) одделение. Малокалибарските пиштоли ги зел од станот на таткото, а подготвил и 4 молотови коктели. Веднаш пукал кон чуварот, кон дежурната која седела на катедрата во ходникот и неколку кои биле околу неа. Продолжил кон кабинетот по историја, сменил куршуми по пат и на влегување веднаш пукал на наставничката и неколку други деца, потоа го фрлил оружјето, се упатил во ходникот кон телефонот од каде повикал полиција и се предал.
Сам рекол дека имал список на деца кои планирал да ги ликвидира, сам го разработил и планот на излегување и влегување. При претресот на неговиот стан, на работната маса бил список на лица кои сака да ги ликвидира и приоритетни мети.
Според новинарски сознанија, Коста Кецмановиќ пријавувал дека е жртва на врсничко насилство, на што министерот за внатрешни работи потврди дека има наоди од Детската клиника и Центарот за социјални работи дека во една прилика било пријавено кога Коста бил хоспитализиран со расекотина на усна до која дошло во приватна школа за глума, па по тој основ не можеле да се изведат закучок дали треба натаму да се постапи и да се решат проблемите кои ги пријавувал Кецмановиќ.
Во моментов полицијата го притвори таткото на Коста Кецмановиќ, но обвинителството ќе одлучи како и до каде ќе постапи за кривично-правната заштита на малолетникот, иако се работи за планирани убиства.


1150

Задолжително

Verified by MonsterInsights