April 25, 2024

Законите не важат само кога си крал на ОК

Од 1967 година, во повеќе од 160 британски закони на Обединетото Кралство се запишани исклучоци за да и се даде целосен имунитет на покојната кралица Елизабета Втора во својство на монарх. Сега, овие исклучоци се префрлаат на кралот Чарлс, чие крунисување ќе се одржи на 6 мај.


„Суверен имунитет“, го штити сега кралот Чарлс од кривична и граѓанска постапка, полицијата не смее да влегува во приватните кралски имоти без дозвола на суверенот, ослободен е од казна за прекршоци врз дивиот свет, загадување на животната средина и други зелени злосторства. – пишува Time. com .


Пасош – нема да има, како крализата Елизбета. „Британски пасош се издава на име на нејзиното / неговото височество, непотребно е да поседува таков“.
Возачка – нема потреба да има, може да вози брзо или бавно колку сака. Секогаш се придружувани од полицајци. Правилото им важи и кога возат приватно, ако некогаш воопшто така патувале. Ваквото право го има и премиерот на државата.


Даноци – не плаќа, или, не е должен да плаќа данок на доход, капитална добивка или наследство. Сепак, по реакциите на граѓанството, од 1993 година кралицата Елизабета доброволно плаќала данок на нивните приходи, средства и добивки кои не се користат за службени цели.
Поротничка должност – Додека британските граѓани може да се соочат со парични казни до 1.000 фунти (1.253 долари) за избегнување на должност на поротник, кралот е ослободен од учество во должност на поротата според Законот за кривична правда. Членовите на неговото потесно семејство не се „Идејата дека некој е премногу грандиозен или премногу умен или премногу важен за да служи во порота не треба да постои“, реагираа Лабуристите.


Закони за расна, етничка и сексуална еднаквост – не важат. Во 1970-тите, британската влада воведе закони против расна и сексуална дискриминација на работното место, кои подоцна беа преточено во Законот за еднакви можности од 2010 година. Ова значи дека сите поединци кои работат за кралското семејство не можат да поднесат жалба до судот доколку се соочиле со каква било дискриминација според категориите раса, пол и еднаква плата.
На официјалната веб-страница на кралското семејство, непроменета од смртта на Кралицата, сеуште стои дека „иако граѓанската и кривичната постапка не може да се поведе против суверенот како лице според законот на Обединетото Кралство, кралицата внимава да се погрижи сите нејзини активности во нејзино лично својство да се спроведуваат во строга согласност со законот .“ Во принцип и во пракса.

Целиот текст : https://time.com/6275480/king-charles-iii-privileges-laws-exempt/?utm_source=twitter&utm_medium=social&utm_campaign=editorial&utm_term=world_royals&linkId=212622562


1057