На 4 мај во 20.00часот во КИЦ-Офицерски ќе се одбележува 20 годишнината од погибијата на Гоце Делчев. Ќе се читаат извадоци од драмскиот ораториум „Баница 1903 – Стратегот на македонскиот универзум“ и ќе се проектира филмот „Македонија во слики “ на Арсениј Јовков.

Годинешниот добитник на наградата „Ацо Шопов“ која ја доделува ДПМ, Зоран Пејковски, автор е на драмскиот текст: „Баница 1903 – Стратегот на македонскиот универзум“, кој всушност е драмски ораториум, и е прв во македонската драматургија, во кој преку историско – документаристички приказ е прикажан ликот на Гоце Делчев.

Филмот „Македонија во слики “ на Арсениј Јовков пак е првиот македонски филм снимен на нитратна црно-бела Агфа филмска лента, забележан во македонската филмска историја како прв македонски колор филм . Кинотека на Македонија во 2013 година го реставрира филмот во лабораторијата на Јадран филм.


1205

Задолжително

Verified by MonsterInsights