April 26, 2024

Денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија одржа панихида со што започна денешното одбележување. На гробот во црквата Св. Спас цвеќе положија високи државни делегации- претседателот на државата Стево Пендаровски , собраниска делегација, делегации на политичките партии во државата. Премиерот е отсутен од државата.
Делгација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе. Претседателот Христијан Мицковски за делото и Гоце Делчев вели


„Денес многумина ќе се присетат, но малкумина јавно ќе го постават прашањето дали државата го продолжува неговото дело… Со власт која има целосно отсуство на родољубие и како никогаш порано со толку многу разнишани темели. Но било која сервилност на власта е помала од големината на неговиот завет. Неговото дело е посилно од секој удар, од секоја поделба. Идеалите на Делчев се живи, и тој столетен оган за слобода, независност и држава продолжува да пламти.
Поклон за великанот, неговата борба за нашата слобода, и неговото дело за ВМРО и Македонија. И да, заедно ќе успееме да ја оправдаме неговата борба. Вечен да е споменот за Гоце Делчев.
Да живее Македонија! “

Бројно видливо е присуството на полицијата иако според информации до кои стигнале македонските новински агенции не се најавени официјални делегаци од соседна Бугарија. Положувањето на цвеќе се одвива по строг протокол само за тие кои испратиле најава за посета.
Поради одбележувањето на 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев, МВР од вчера воведе посебен сообраќаен режим, информирајќи дека затворена за сообраќај ќе биде улицата „Самоилова“.


1054