April 18, 2024

Започна исплатата на социјалната детска помош, од утре исплата на Мој ДДВ

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 мај 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
04.05.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
05.05.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Управата за јавни приходи пак најавува дека од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тримесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари. Првпат максималната вредност ќе биде 2.100 денари . Вкупно средства кои треба да бидат вратени од Буџетот кон граѓаните изнесува 10. Милиони евра.


1079