Контраверзниот Виктор Стојанов приведен во Грција – тој и неговите приврзаници не стигнаа до селото Баница

Контраверзниот претседател на бугарската антимакедонска фондација ‘‘Македонија‘‘ и неговите истомисленици, денеска беа приведени од грчката полиција во градот Сер и не им беше дозволено да го посетат селото Баница, во кое, на денешен ден загинал македонскиот револуционер Гоце Делчев. Стојанов е ‘‘персона нон грата‘‘ и во Македонија, најмногу поради отворените антимакедонски ставови кои ги искажува преку неколкуте фејсбук профили, како и заради честите закани упатувани кон македонски граѓани. Како што самиот пишува, во автобусот кој бил држен пет часа од страна на грчката полиција имало и постари лица, кои не знаеле зошто се приведени и зошто не им е дозволена посета на ова грчко село, во областа која според него и неговите Фејсбук поддржувачи е ‘‘бугарска територија‘‘ со ‘‘бугарско население‘‘. Неговите поддржувачи, под текстот за неуспешната посета, упатуваат секакви навреди кон Република Грција и грчката полиција, чудејќи се зошто земјата членка на ЕУ и НАТО и нивен сојузник не им дозволила чествување во Баница.


1506

Задолжително

Verified by MonsterInsights