Судскиот совет на Македонија избра претседател
На седница закажана од заменик претседателот на Судскиот совет, попладнево се избра нов претседател , со 8 гласови „За“ и 4 гласови „Против“. Избран е членот Сашко Ѓеоргиевски , дипломиран на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 07.05.1997 година, Правосудниот испит го положил во 2000 година. Во својата професионална биографија до 2008 година бил врботен во адвокатска канцеларија во Штип, до 2018 година бил судија кривичар во Основен суд во Штип, а од 2018 година станал член на Судски совет.
Со седницата претседаваше заменик претседателот м-р Селим Адеми.
Изборот доаѓа по контроверзните настани од минатата недела, кога членовите пред јавноста го искажаа своето несогласување со претходната претседателка Весна Дамевска.