March 29, 2024

Функционирање на институциите, заштита на националните интереси, правна држава, подигнување на угледот, европеизација– пораки од трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

„Ова е Македонија за сите е кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Од Битола започна циклусот 12 трибини. Панелистите говореа за надворешната политка.

Најпрвин потсетување на школската дефиниција за надворешна политика е дека тоа е политика на утврдување на интересите дома и застапување на тие интереси надвор од границите на државата.

Со оваа размисла ја запжочна трибината Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Но, посочи тој, фунционирањето на власта во креирањето надворешна политика е израз на неуспех.
„Обезличување на Македонија, обезличување на идентитетот на Македонецот и распродажба на интересите со попустлива надворешна политика која не постигнува опипливи резултати“, оцени Муцунски.

Констатира целосно запуштена економска дипломатија.

„Гледаме крајни неуспеси во привлекување на новите инвестиции, единствените и минимални резултати кои ги има произлегуваат од добрите политики во минатото кои патем истите овие луѓе ги критикуваа дури беа во опозиција“, изјави Муцунски.

„Она што се случува во надворешната политика има директен ефект и во домашната политика“- вели Марија Митева, портпаролот на партијата.

„Се додека власта презентира една слика, се додека власта вели дека Македонија оди напред, ние се повеќе чувствуваме дека Македонија се по веќе и повеќе ја нема.“

Митева потсети на Спогодбата за асоцијација и стабилизација, која по дефиниција подразбира почеток на политички дијалог, мобилност, трговска либерализација, потсети и на ветата кои наместо да ја променат македонскта надворешна политика доведоа до тотален застој и државата сега се соочува со уште едно, бугарското вето…

„Дури ни самата Бугарија би кажала не е свесна дека една власт ќе биде способна да направи толку многу отстапки се со цел да и се допадне на Бугарија, задирајќи притоа во националните интереси, во идентитетот, во јазикот, и во историјата на македонскиот народ. Но, она што се случува во надворешната политика има директен ефект и во домашната политика. Тука би зборувала пред се за владеење на правото кое што буквално не постои, се посветува внимание на политички прогон, на политички пресуди, борбата за корупција наместо да биде вистинска и чесна се претвори во натпревар кој од власта ќе биде покорумпиран. Тука ќе зборувам и за реформите во судството кои што буквално ги нема, можеме само да го земеме како пример последниот случај во Судскиот Совет“, нагласи Митева.


„Во Македонија имаме структура на власт која што ни се претставува како европски фронт, дека таа е предводникот на европската политика, но според мене и според сите млади во државата, реалноста е дека оваа структура на власт, европскиот фронт и европската идеја ја користи само како еден механизам плус за да остане ден повеќе на власт.“ – изјави Тодор Коневски, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .
Пред присутните евоцираше моменти од почетокот на визната либерализација и зголемувањето на мобилноста значајна за младите кои неминовно се соочуваат со организирани држави „ И кога ќе видиме какви системи функционираат таму и како сите работи се функционални и се достапни и постандардизирани, сфаќаме дека тоа е еден систем кој што би сакале и ние да ги имаме и во кои што сакаме да живееме.“ – рече Коневски.


Но, дали е тоа можно кога аголот на гледање кон светот и од светот кон Македонија е единствена политика што треба да ја спроведува структурата / организацијата на министерството за надворешни работи ?
„За жал може да се констатира дека наместо европеизација на МНР се случува дуизација. Не знаеме дали министерот ги застапува интересите на Македонија или помирувањето на фракциите во Чаир“, изјави во Битола Антонијо Милошоски, министер за надворешни работи на Македонија од 2004 до 2011 година.


„Гледаме дека власта сака да се фали со тезата дека направила добри односи и потпишала добри договори со сите соседи. Да ве потсетам дека уште пред да постои договорот за добрососедство со Бугарија, ако ги споредиме односите до 2017 и денес ќе видиме дека пред тој договор со Бугарија имавме подобри односи и во трговска и во политичка смисла и покрај спорните прашања. Но по потпишувањето на тој договор брзајќи да покажат дека се разбираат од меѓународна политика, само покажаа сервилност. Во 2017 владата на ДУИ и СДС за жал создаде ситуација во која ние имаме драматично влошување на односите со Бугарија, на поголема штета на Македонија“- рече Милошовски, констатирајќи „Со ова освен економските и политички параметри, штетата кон Македонија го засега и нашиот идентитет, нашата историја и самобитност.“


„Македонската дипломатија се сведува на лични амбиции, наместо да се решаваат проблемите во Министерството за надворешни работи се прават лични аранжмани’ – рече Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Како негативен пример на надворешна политика, пример кој де факто штети на угледот на државата и довербата кон Македонија и Милошовски и Мицковски го споменаа договорот за градење на паневропските коридори 8 и 10д.

„Тоа е срамна епизода во надворешната политика. ВМРО-ДПМНЕ е против криминалот, епскиот проект изгледа ќе стане епски криминал“. – рече Мицковски, “Овој договор во себе содржи клаузули кои се спротивни на спогодбата за стабилизација и асоцијација, која е важечка обврска за Македонија кон ЕУ,“ рече Милошоски додавајќи, „Оваа влада доколку продолжи да се однесува на ваков начин ставајќи ја корупцијата во преден интерес не би изненадило да се зголеми ризикот и во иднина да добиеме блокада од земји како Холандија или Данска токму заради прекршување на одредбите од спогодбата за стабилизација и асоцијација. Власта само ги нарушува стандардите и имиџот на Македонија во ЕУ.“


1062