Мицковски од Битола: Власта е готова, функциите им се засолниште, тоа им купува време, но не и од судот на народот

На следните избори (претседателски и парламентарни) ќе има три опции за кои ќе се гласа:
-ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, коалиционите патнери,
-ДУИ и Коалицијата на Зечевиќ и Ковачевски и,
-Коалицијата на ефтин популизам и договорен патриотизам што ќе се појават за да го поделат македонскиот гласач.
Вака на крајот од синоќешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола зборуваше лидерот Христијан Мицковски, повикувајќи на сенародно обединување зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да може „да се избере Претседател за народот и Влада на народот за да ја вратат Македонија каде што и е местото, на победничките патеки“ .

Иако Трибината беше посветена на надворешната политика на државата, за што повеќе се осврнаа панелистите, претседателот на партијата не заборави да поттикне кон директно размислување на сите во државата за кого ќе го дадат својот глас на изборите кои претстојат во 2024 година ( според досегашниот став на власта) .

„Денес од Македонија што ја сонувавме, сме подалеку од времето кога ја создававме“ – рече Мицковски во Битола. Се осврна на старата генерација граѓани која, како што рече, е разочарана од своите синови и ќерки кои не и донесоа просперитет на државата. Сегашната власт пак, не само што лошо владее и го навредува интелектот на граѓаните, туку со своите постапки придонесе за комплетно рекомпонирање на државата. „Кога ни велат дека не спасуваат, тогаш најмногу не уништуваат, Македонија ја губиме на рати, и болело на рати“. рече Мицковски.

Тој повторно од Битола го повика премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на телевизиски дуел во однос на Договорот со БехтелиЕнка , за да се види „ кој е крадецот а кој кочничарот“.„ На народот му се одземаат милјарди, а епскиот проект изгледа стана епски криминал“ коментираше за досегашниот тек и јавни произнесувања во однос на проектот за изградба на делниците од Коридор 8 и најавениот Коридор 10д, со кој Македонија е ставена во подредена позиција , па властите сега не знаат како да излажат. – рече Мицковски како став за почеток на дуелот.
„Власта е готова, и единственото бегство од соочување со правдата и народот, им е се функциите како место кое им нуди засолниште од народот. Но тоа можеби им купува време, но нема никогаш да ги спаси од судот на народот.“
