April 25, 2024

Во Битола, одржана работилница за музички букинг за младите бендови ( фото вест )

Во тек на викендот што измина во Битола се реализираше еден дел од протектот „Закајнување на независната музичка сцена Битола“, поддржана од МОСТ, проект кој има за цел мапирање, профилирање и промоција на младите независни музичари и групи и, подобрување на локалните политики за оваа целна група. Се одржа првата работилница за музички менаџмент насловена “Како до успечен музички букинг“, а професионалниот музичар, професор и директор на џез фестивал Сашо Поповски говореше за професионалната матрица за букинг, а не изостана и дел од животниот и професионалниот пат.


1039