April 16, 2024

Во пресрет на #eTwinningDay учениците и наставниците од трите училишта ООУ ,,Гоце Делчев” Могила, ООУ „Браќа Миладиновци“ Добрушево и ООУ ,,Кочо Рацин” Ивањевци истиот го одбележаа со Етвининг саем. Беа претставени досегашните и идни Етвининг активности и Еразмус проекти.

Етвининг платформата е платформа на која сите училишта од Европа имаат можност за соработка, меѓусебна комуникација, споделување на заеднички проекти како и подготовка на истите. Преку оваа платформа нашите наставници и ученици имаат доста можности да научат и споделат искуства со останатите европски земји, преку споделување на наставни програми, креирање на проекти кои ќе им се од корист на учениците за понатамошен развој и сл. Денот на Етвининг е можност да се споделат успесите на секое училиште и поттик за уште поголеми во иднина.


1066