April 20, 2024

Дијамантот Кулинан – ѕвездата на Јужна Африка

Крунисувањето на Чарл одекнува во светските медиуми. Многумина дури сега дознаваат колкаво е богатството на британското кралско семејство. Еден од предметите на нивното богатство што предизвикува почит кај монарсите од светот е дијамантот Кулинан – најголемиот пронајден во светот и поделен на 9 парчиња дијамант и 96 брилијанти како остаток од сечењето. Се верува дека има уште неколку неизбрусени парчиња.
Се проценува дека Кулинан се формирал во преодната зона на обвивката на Земјата на длабочина од 410–660 km и стигнал до површината пред 1,18 милијарди години. Пронајден е на 5,5 метри под површината во Рудникот Премиер во Кулинан, колонија Трансвал, Јужна Африка од Фредерик Велс, управител на површината во рудникот, на 26 јануари 1905 година.

Фото: пронајдениот неизбрусен дијамант, сопственост на Википедија

Кога го пронашле бил долг приближно 10,1 сантиметри , широк 6,35 сантиметри, со длабочина од 5,9 сантиметри и тежина од 3.106 карати или 621,2 грама). Наречен е „Кулинан“ по името на Сер Томас Кулинан кој го отворил рудникот и во 1902 година го направил селото Кулинан за своите работници. Четири од осумте негови површини биле мазни, што покажува дека некогаш бил дел од многу поголем камен скршен од природни сили. Има сино-бела нијанса и содржеше мал воздушен џеб, кој под одредени агли создаваше виножито, или Њутнови прстени.
Полирањето на дијамантот како едно парче било невозможно поради голема дамка на средината од него. Донесена била одлуката каменот да се исече на неколку помали делови. Каменорезецот Џозеф Ашер и компанија од Амстердам го проучувале каменот 3 месеци пред конечно, на 10 февруари 1908 година, во 14.45 часот, пред десетици луѓе, Џозеф Ашер да го направи првиот рез /кршење на дијамантот. Беа создадени девет главни камења, заедно со 96 помали брилијанти и девет и пол карати неполирани парчиња.


Дијамантот му беше подарен на кралот Едвард VII на неговиот 66-ти роденден од тогашниот јужноафрикански премиер Луис Бота.
Жезлото со крст е едно од двете жезла што се користат за време на британските крунисувања и таму се наоѓа најголемиот дијамант на светот. Вториот по големина камен со тежина од 317,4 карати е Кулинан II, познат и како Мала ѕвезда на Африка и е поставен во централната предна лента на Кралската државна круна. Овие камења биле направени одвојливи и можеле да се користат и како брош. Исечени и избрусени се уште седум. Некои од нив ги откупил кралот Едвард, а некои зачувани од владата, па пак подарени на британското кралско семејство.


За многумина најинтересна е приказната за транспортирањето на дијамантот кој претходно бил изложен пред јавноста и се проценува дека го виделе нешто помаллу од 9.000 луѓе кои од целиот свет во 1904 година допатувале во Преторија, главниот град на Трансваал провинцијата на северниот дел од Јужна Африка. Ова бил голем безбедносен проблем. Се верува дека тогашниот јужноафрикански претседател Луис Бота организирал лажен транспорт со брод , кога биле ангажирани детективи, полиција и лојални граѓани на кралството, а вистинскиот дијамант бил спакуван во мала поштенска кутија и испратен преку обична пошта.
Се проценува и дека само Ѕвездата на Јужна Африка чини 2 милијарди долари.


1069