April 18, 2024

Идентитетскиот геноцид над Македонците (каков цивилизациски ужас!)

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ – Здружение за одбрана на македонизмот,македонското име и постоење меѓу народите “ – денеска на пладне на јавноста ќе и ги презентира неформалното, граѓанско предлог обвинение и пресуда за лицата за кои и општата јавност верува дека ја ставија државата во подредена положба.
Кон чекорот МОРАЛЕН СУД здружените интелектуалци од Македонија пристапуваат како одговор на нефункционалноста на институциите во државата.
„На сите Македонци им е оневозможено да ги остварат следниве уставно и меѓународно заштитени права:
-Правото да имаме свое национално име и свој национален идентитет каков што го
чувствуваме и сме родени со него (со нарушувањето и повредата на ова право се прави
идентитетски геноцид на Македонците),

-Правото да бидеме суверени граѓани на Република Македонија.“ – стои во образложението на моралната осуда.

Поаѓаат од фактот дека Македонците, со Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија и предлог – рамката на францускиот претседател Емануел Макрон, се ставени во „идиентитестка смрт, нешто што многу добро го сфати и разбра здравото ткиво на нашиот народ“. Дека со овие договори „ се укинува неговата ( македонската н.з.) генеричка меморија, струјата на идентитетскиот дотек од неговата неколку милениумска генеза , и нему ( македонскиот народн.з.) му е така забранет пристап и сеќавање на неговите културно-цивилизациски знаци и имот.“ – вели МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ во својата иницијатива МОРАЛЕН СУД-МАКЕДОНСКА ВИСТИНА.
„Обвинението најпрвин ќе биде / е насочено под брoj 1 против Зоран Заев и неговата влада за потпишување на геноцидниот по Македонците Преспански договор во Нивици (Преспа) 2018-та. Под брoj 2 Против Димитар Ковачевски и неговата влада за прифаќањето и ефектуирањето на исто така геноцидната по Македонците предлог-рамка за договор со Бугарија на Емануел Макрон, со која Бугарите се јавуваат како администратори на македонската идентитетска судбина, асимилирајќи ги и бугаризирајќи ги целосно јазички, културно и историски . “

За таа цел Моралниот суд, во состав: Ефтим Клетников – претседател и членовите Дардан Венетски, Сотир Костов, Цветан Гавровски, Нестор Огинар и Валери Стефановски, расправаше за суштината, значењето, околностите, последиците и нанесената штета врз идентитетот на Македонците и интегритетот и суверинитетот на Република Македонија, донесе МОРАЛНА ОСУДА.


„Со потпишувањето на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на Стратешко партнерство меѓу страните и со уставните амандмани директно се загрозени и повредени автентичниот национален македонски идентитет на целиот македонски народ, како и личното право на национален и личен идентитет на секој Македонец посебно, а тоа е in flagranti повреда на нашето право да ја самоопределаме својата етничка/национална припадност во која сакаме да припаѓаме. Со овие наметнати правни правила од спогодбата, практично ни се забранува остварувањето на нашето лично право да имаме свој етнички/национален идентитет, повредено е нашето право на лично и национално достоинство, личен и национален интегритет и чест како апсолутни, неотуѓиви права кои не смеат да бидат ограничени од никого, а најмалку од страна на властите на две држави – Република Грција и Република Македонија. “

Фото: потписниците на преспанскиот договор, сопственост на македонски весник


Ова е АМОРАЛЕН ЧИН, еднаков на груб и срамен идентитетски геноцид, спротивен на правните норми на домашното и меѓународното право со кој Зоран Заев и Никола Димитров сторија злоупотреба, пречекорување и неправилно извршување на овластувањата, должностите и одговорностите на носители на државни и јавни функции, како и нарушување на моралните норми и етичките стандарди во врска со достоинството и моралната традиција на македонскиот народ и на македонската држава.
Поради напред наведените противправни дејствија и дејствија спротивни на моралните норми и етичките принципи на македонското демократско општество, согласно чл.7 од Правилата на судот, Моралниот суд на Зоран Заев и Никола Димитров, за сторените неморални дела им изрекува најстрога МОРАЛНА ОСУДА со која ги прогласува за виновни.
Моралниот суд е на мислење дека тие сториле кривично дело Загрозување на независноста според член 308 од КЗ на Република Македонија.“ – пишува Македонски Манифест во пресудата на МОРАЛНИОТ СУД МАКЕДОНСКА ВИСТИНА.

фото насловна: потписниците на преспанскиот договор, сопственот на википедиа


1089