March 28, 2024

Викторија Брдаровска ја промовираше својата прва книга „Полн погодок“

Викторија Брдаровска, студентка на Правниот факултет во Битола го промовираше своето прво авторско дело насловено „Полн погодок“.

,,Тајната на животниот успех ја знаат само оние кои не успеале да постигнат барем три полни погодоци”, вели Брдаровска

,,Полн погодок” е моето прво авторско дело. Ова е дело во кое се “бакнуваат” храброста и упорноста, а пред сѐ човечноста. Животот е игра со која ние управуваме со џојстикот, ние сме архитектите на своите судбини. Посебна чест и гордост ми беше што говорев пред преполна сала на моите роднини, пријатели, професори, советници и градоначалници кои одвоија дел од своето драгоцено време, да присуствуваат на промоцијата на ова мое првенче, кажа Брдаровска на промоцијата.

Викторија се заблагодари и на проф. д-р Лазе Јакимоски и проф. д-р Гордана Тасевска кои се рецензенти на нејзиното прво дело.

За сега книгата ќе може да ја нарачате онлајн, обраќајќи се директно на Викторија преку нејзиниот фејсбук профил.


1351