В сабота 34 традиционален планинарски марш „Димитар Илиевески – Мурато“ 2023

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Пелистер“ за в сабота го најавува 34 издание на маршот што се одвува во чест на Димитар Илиевски -Мурато, битолчанецот што го освои највискиот врв на светот -Монт Еверест и го направи свое вечно почивалиште.
Според информациите од Клубот, традиционалниот марш ќе трае три дена , со различни маршрути.
Започнува на 12 мај , МАРШРУТА бр 2 за 12. мај 2023:
Ниже Поле – Дебел Рид – Големо Езеро – Партизански Врв – Широко Стапало – Врв Пелистер – Димев Врв – ,продолжува на 13 мај , МАРШРУТА бр 1, за 13. мај 2023 (Сабота): Инфо-Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер-Димев Врв.
Со пристигнувањето на учесниците на маршот на врвот Пелистер ке се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато. После читањето учесниците се упатуваат назад кон Инфоцентарот. И годинава ќе бидат прогласени најмладиот и најстариот учесник на маршот.
