April 19, 2024

Таче еднаш поднел оставка ама ја повлекол(!?)

Акцијата на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“ на граѓаните им нуди директна можност за дускусија по одредени теми важни за животот во држвата. На денешната што се одржува во Штип, лидерот на партијата Христијан Мицковски пренел сопствени непотврдени сознанија кои присутните со овации истовремено и разочарување ги прифатиле.

Имено, според Мицковски „овие денови најглаен е муабетот во одредени политички кулоари дека Ковачевски кој работи како помал бизнис партнер на ДУИ во владата, веќе еднаш си поднел писмена оставка до собранието. Па овие кои се многу свесни дека со поадот на власта доаѓа и одговорност, многу жестоко го убедувале во спротивното. Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка, затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, попладнето си дава оставка, а вечерта се премислува“ – рече попладнево Мицковски во Штип. „Прифативте улога со која не можете да се носите“ порача Мицковски до Ковачевски, со препорака Ковачевски вистински да си поднесе оставка за да престане потонувањето на Македонија.


1060