Временска прогноза – променливо нестабилно цел викенд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата на воздухот ќе достигне до 13 степени Целзиусови.

Веќе во текот на утрешниот ден времето ќе има промена , ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и во северните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и температурата на воздухот ќе достигне 20 степени Целзиусови.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Извор: УХМР


1132

Задолжително

Verified by MonsterInsights