May 29, 2023

Загребување по тревата во прилепско за почеток на градба на Коридор 10д, пелагониските градоначалници поканети не отидоа

Контроверзите поврзани со Договорот, улогата на пратениците и се погласните негативни критики на експертската јавност не се причина Владата и главниот координатор на изградбата на паневропските коридори во Македонија Артан Груби за да не ги остварат своите планови за динамиката на изградбата, вкучително и церемониите за кои имаат предвидено средства од Буџетот на РМакедонија.

Фото: сопственост на vlada.mk


Спроти бензиската пумпа на патот од Прилеп кон Битола, кадешто во изминатата скоро една година се пренасочува сообраќајот заради изведување на градежни работи во рамки на тоа што досега е познато како проект за Рехабилитација на државниот пат А1 се реализираше најавата на работите кои ќе се реализираат на автопатската делница Прилеп-Битола дел од коридорот 10, во должина од 39,4 километри, една од четирите делници предвидени за изградба во договорот со „Бехтел и Енка“ што треба да чини 260 милиони евра.

Фото: од денешната церемонија , сопственост на vlada.mk

Првото загребување на земјата кадешто ќе се гради патот го проследија премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, амбасадорот на Турција во Македонија Н.Е Хасан Мехмед Сехизќок и в.д амбасадор на САД Н.Е Ерик Мејер и претседателот на корпорацијата „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток Џастин Сиберел.

Промена на закони по посебен закон и потпишан договор не укажува на законско работење, а нетранспарентноста е посебна приказна којашто ги наведе пелагониските градоначалници да не присуствуваат на денешната церемонија со која се обележа почетокот на подготвителните активности за изградба на коридор 10 д – делница Прилеп-Битола.

Фото: градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски, сопственост Општина Битола

Битолскиот градоначалник на новинарско прашање дали добил покана и дали планира да оди на церемонијата одговори потврдно само за поканата. „Не сакаме само да присуствуваме на сликање и фотографирање таму. Познати се и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и нашиот став дека многу потранспарентно треба работите да се направат. Таму мора многу институции да проверат, да се расчисти од самата суштина на Договорот и,… сите овие закони кои под плаштот на Европа или европско знаменце сакаат да се протуркаат….“ – рече градоначалникот Коњановски денеска од Битола. Тој притоа направи и споредба на сопственото јавно и транспарентно работење, наспроти Договорот што Владата го потпиша со компанијата „Бехтел и Енка“ кој како што рече, никој го нема видено „За каков договор се работи(!) , за кој никој ја нема видено ниту локацијата каде ќе биде , каде ќе биде трасата, воопшто ништо не е познато, ниту сме информирани како град , за се она што ќе се реализира, само добивме покана како град за некоја манифестација. “


1112