March 29, 2024

Тони Коњановски: културата надвор од политиката , пак !

Реакција на градоначалникот д-р Тони Коњановски на се позачестените напади на опозицијата во однос на културата.

„Сакам само да кажам дека Битола е град на културата и ќе остане град на културата. Оваа локална самоуправа не само што ја поддржува културата, уште поинтензивно ќе ја поддржува. Не случајно Општина Битола во делот на транспарентноста го задржа првото место, го има и ќе го задржи. Така да сите информации во делот од културата се јавни и достапни. Од 20 октомври минатата година и до 21 ноември минатата година имаше јавен повик објавен за учество на сите заинтересирани на културните манифестации во пет категории. Можеа да ги дадат своите програми, да учествуваат и можеа сите, преку 250 учесници на тој конкурс се јавија ; тоа се традиционални манифестации, Битфест, Змиска приказна, Нови манифестации и презентации на градот на саеми . За културата може да зборуваат културните работници, затоа повторувам, политиката надвор од културата. Најдобро е да ги запрашаат културните работници и од Битола и од регионот дали се тие задоволни, дали имаат оворен пристап, дали сме ги исполниле нивните очекувања. Ние сме презадоволни од тоа што го презентира БИтола како град , град на културата и така и понатаму ќе продолжиме. На веб страната на Општина Битола сите информации се јавно објавени и од конкурсот и по конкурсот од комисијата којашто сите ја знаат – Димитар Солаковски, Елена Георгиева, Лили Бошевска, и Васко Мавровски. Секој, секаде кадешто има судир на интереси постои замена од јавната администрација . Не само тоа, постои и предкомисија којашто административно и технички ги селектира сие проекти кои се доставени , сите предлози во делот на средување на документацијата. Се е јавно и транспарентно и секоја информација е достапна в Општина и Општината е отворена, секој може да ги провери.

Ја замолувам опозицијата , културата настрана од политиката. “ – рече денеска градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски, како повторен одговор на обвинувањата од локалната СДСМ дека градските буџетски пари за култура се помногубројни за културни работници и правни субјекти од областа на културата кои имаат директна врска со партијата на која припаѓа и Коњановски.


1092