БУНТ ВО СДС И ПОНУДЕНА ОСТАВКА НА КОВАЧЕВСКИ

ЦРИЧКИ I ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ

-199

1. Бурата од антимакедонската политика на Владата на Димитар Ковачевски дознаваме дека денови еруптира во прав вулкан од незадоволство и во неговата партија СДС, што само ја потврдува нервозата која со сигурност веќе прераснува во вистинска хистерија кај нив поради очајниот рејтинг на партијата и неијзиниот (на сила насаден на таа позиција) премиер.

   За набљудувачите е секако многу необична, но интересна новонастанатата ситуација во засега владеачката СДС и нејзиниот претседател и воедно Премиер, Димитар Ковачески Таче, доктор на економски науки по корпоративно право на Универзитетот во Подгорица, а денес лажно се претставува (бесрамник) дека демек докторирал на Харвард. А ситуацијата е следната: според наши извори, од прва рака, Таче да ми ти пресвиткал лист хартија и на неја си напишат дека поднесува оставка на функцијата премиер и му ја однесол оставката на нелегитимниот претседател на Собранието Талат Џафери, познат како командант Флорина од настаните во 2001 година кога командуваше со единица на територистичката ОНА, а му се припишува дека е наводно дирекно е одговорен за масакрот кај селото Вејце кога беа убиени од заседа осум македонски бранитетели). Командантот Флорина, а сега Претседател на Собранието, му ја искинал оставката на Таче и почнал да му се дере – демек кога профатил да биде премиер што мислел, дека тоа ќе биде играње играчки, и наместо да тера инает со неговите пратеници треба да им покаже разбирање!? Таче и Талат, според нашиот извор, буквално се разбркувале низ кабинетот бидејки Таче повторно сакал да напише оставка за Талат да му ја потпише, ама тоа не се случило. Патем, во кабинетот на Претседателот на Собранието имало и пцуење и навреди!?

   Во СДС му кажале на нивниот претседател Таче дека независно што тој се заканува со оставки тие ставот нема да го сменат (забелешка:  извотот не наведува за кој став станува збор) и најдобро би било тој (Таче) да смени нешто кај него, “бидејки прави огромни грешки и штети на СДС и се е тргнато во амбис со партијата”. Пратениците (на СДС), наводно, не беле поделени, туку сите исто му зборувале, но Таче со неговиот инает не попуштал. Сега, наводно, им бил скаран и не им зборувал.

  Интересни случки се случуваат на Бихаќка. Очигледно станува збор за внатрепартински  бунт, а останува само вемето да покаже, или некој извор одвнатре – од партијата, што конкретно му забележуваат пратениците  од СДС на нивниот – како со кран донесен и насаден на лидерската позиција, Димитар Ковачевски Таче.

  Индикативно е што своевидниот бунт внатре во СДС се случува непосредно после “триумфалната” (барем така Таче се занесува) посета на Димитар Ковачевски, на САД, А и таа посета заслужува посебна анализа. Пред се, дали амбасадата на САД во Скопје му ја организира посетата за да манифестира демек “еве кој стои зад него”, што впрочем сите ние многу добро го знаеме? И Дали мислат дека со средбата со

Државниот секретар Блинкен ќе му порасне катастрофалниот рејтинг на Таче!? А можеби цел на посетата е токму криминалниот договор за автопатите што Владата го потпиша со американско-турскиот клонзорциум Бехтел и Енка и мислат на тој начин да се дефокусира гневот на целокупната македонска јавност бидејки е јасно дека креаторите на оваа криминална ујдурма им е цел да ја воведат Македонија во должничко ропство што е уште една една, но многу значајна фаза, за разнебитување на македонската нација!!!

  За непознавачите на приликите ова е многу чудна и неприфатлива политика на нашиот небаре стратегиски партнер, но работите се кристално јасни. Автопатиштата што треба да се градат, па нека ги гради конзорциумот Бечел и Енка, зошто да не, по по реална цена (барем половина од оној фамозен износ од милијарда и триста милиони долари), и да се разјаснат еден куп непознаници што нениновно ке доведат проектот да чини и над две милијарди долари).

  Би го запрашал јавно Таче: Ало Премиере, свесен ли си во кавква авантура влегуваш и колку зло нанесуваш на спствениот македонски народ??? Па еден ден Таче ќе се симнеш, или ке те симнат од власт!? И, што потоа? Па ти лично си најодговорен за ова зло што го направи, а за кое ќе треба да одговараш.

2. Нашиов заблуден самобендисан Премиер на турнејата во САД си го поносол и своето синче. Иако во претходната колумна (Цртички и отровни стрелички 198 го предупредив за злоупотребата на службената должност што ја носеше ќерка му на средба со Папата во Рим) тој продолжува со истата пракса занесен во својата нарцисоидност дека е прв во македонската влада,

   Тачв на една прес-конференција беше запрашан од новинар на чија сметка си носи членови од семејството на службени патувања, а тој арогантно возврати, според прилогот објавен во Вечер, дека “неговото семејство не патувало на државна сметка”!?  “На сите приватни патувања на кои патуваат членови на моето семејство никогаш не биле покриени со буџетски средства, патуваат како и сите други и доколку е потребно ќе доставам сметки пред јавноста”

  Е па Таче, еве ти шанса да достравиш сметки за јавноста за патувањето на твојата ќерка во Рим, кај Папата и за визитацијата на твојот син на САД. Ај да  ги видиме тие сметки сите ние граѓаните. А ако навистина ги доставиш (во што не верувам), јавно ќе ти се извинам во истово гласило каде и те провикувам на одговорност за злоупотреба на позицијата и средства од Буџетот на државата.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


1203