Потврдени македонските и битолски културни врски со Романија

Викендов во свечената сала на Офицерски дом-КИЦ Битола во организација на Институтот за романска култура -Букуреш, Информативен центар на Романија во Скопје и Амбасадата на Р.Романија во Македонија во соработка со Влашката културна асоцијација и Лига на Власите Асоцијација „Браќа Манаки“, се оддржа културен настан насловен како Културните врски помеѓу Р.Романија и Р.Македонија – „Ароманската музика и браќата Манаки“. На настанот се обрати амбасадорот на Р.Романија во Скопје, Г-ѓа Адела Моника Аксинте, а присутни беа и припадници на влашката заедница од Битола, почесни конзули и други гости.


Во музичкиот дел настапија гостите од Романија, Чипријан Порумбеску, Џорџе Енексу, Јон Думитреску, а во научниoт дел со интересни документи и предавања за браќата Манаки и влашкиот етнос на овие простори се претставија научните работници; Кармен Ирина Флоареа, Мануела Новачи,Каталин Д.Костантин,Емил Циркомнику. Присутната публика освен прекрасниот настап на музичките уметници, можеше да посведочи куриозитетни фотографии и документи од животот на браќата Манаки.


Ова е почеток на една поинтезивна културна соработка помеѓу Р.Романија и Р.Македонија најавија гостите од Романија.

Извор: пр киц битола


1159

Задолжително

Verified by MonsterInsights