April 25, 2024

Дали годинешната евровизиска победничка песна е плагијат, или оригинал кој сепак не е направен за Евровизија и не од потписниците на победничката песна?
Ова е дилемата што од саботата кога победи шведската претставничка Лорин со композицијата Тату, ја наметнуваат твитерџиите, а ја пренесе https://www.telegraf.rs/
Еве ја проверката.

Евровизија оваа година се одржa во Ливерпул. Требашe да биде во Украина, по победата на оркестарот Калуш со песната „Стефанија“ во 2022 година, но поради војната беше невозможно да се одржи таму, па во име на Украина организацијата ја презеде Би-Би-Си.

Македонија, Црна Гора и Бугарија не учествуваа заради негативното влијание од енергетската криза. (? ) Имајќи го досегашното пласирање на земјиве, cлаба е веројатноста да го доживеат ирското искуство. Ирска, по две победи по ред, во текот на 1990-тите, намерно избирала песни кои, како што се надеваа, нема да добијат гласови. Пол Харингтон и Чарли Мекгетиган биле избрани во 1994 година затоа што нивната нежна, акустична балада била немодерна и Ирска би ги избегнала трошоците за домаќинство по трет пат. И згрешија, песната „Рок енд рол кидс“ победи.

Евровизија е натпревар за најдобра песна, така што секоја песна мора да има текст. Но, нема правило колку зборови треба да има песната.
„Ноктурно“ во 1995 година имаше само 14 зборови, некои кусото гласовно вклучување на двапати во песната не го сметаат текст за песна, ама тие победија.

https://www.youtube.com/watch?v=9-1FvZ6qTkY

Сега скоро сите пеат на англиски или (затоа што текстот им се повторува 2,3,4 пати) пеат на својот мајчин и на Англиски јазик. Тоа што е за забележување е обидот на многу автори да се премине јазичната бариера, како би се добиле повеќе гласови. Во нив има и победници: во 1969 година Лулу од Обединетото Кралство пееше „Моето срце оди бум бенг бенг, бум, бам бенг, кога си близу“. Шведска во 1984 пееше „Диги-лу, диги-леј,…..“ и победи. Звучи бебешки, ама е универзално. Лет 3 од Хрватска годинава имаше стих „ ШЧ“.

На Балканот јазикот е политичко прашање, а на Евровизија нема политика. Има само културни групи – словенски блок, нордиски блок, франкофонски блок и, Грција и Кипар башка од сите кои меѓусебно си даваат по 12 поени. Од овој век им се приклучи и Малта.

Правилата бараат сите песни да бидат неполитички, а во тоа пораките за Русија доминираат.
Во 2009 година, Грузија ја повлече песната откако организаторите побараа да се смени текстот. Песната беше „We Don’t Wanna Put In“, отпеана да звучи како „Не сакаме Путин“. Руските сили ја нападнаа Грузија претходната година. Украина, исто така, предизвика контроверзии во неполитичкиот натпревар. Песната на Џамал од 2016 година за Кримските Татари од 1940-тите, многумина ја сметаа за упатување на руската анексија на Крим во 2014 година. А пред тоа, кога Верка Сердучка упорно ја пееше „Лаша Тумбаи“ со нејзиниот изразен украински акцент, звучеше како „Русија, збогум“. (Збогум, Русија)


Италија е можеби единствената земја што ја забрани својата песна кога Џиљола Чинквети ја изведе „Si“ („Да“) во 1974 година. По изборот на песната, националната телевизија РАИ се загрижи дека тоа може да се сфати како порака да се гласа „за“ на претстојниот референдум за забрана на разводот. Песната заврши на второто место, италијанската јавност гласаше „не“, а разводот остана легален.
И секако, најинтересно е проклетството на второто изведување: Песната изведена втора по ред во финалето никогаш не победила на натпреварот, а вториот изведувач ретко се квалификувал од полуфиналето откако биле претставени во 2004 година.пишува БиБиСи.

За половите, родовите и трансродовите, пораки, во друга прилика.


1064