May 19, 2024

Продолжува изградбата на прифатилиштето за бездомни животни, Општината со реакција што Владата не помага во Битола

Реакциите на граѓаните и многубројните инциденти во кои бездомни кучиња нападнале граѓани на приоритетната листа општински проекти ја ставија изградбата на прифатилиште.
„По склучувањето на договорот со „МЗТ Инженеринг“ и воведувањето во работа, интензивно продолжуваат градежните работи на терен за побрзо завршување на првата фаза од проектот за адаптација на прифатилиште за кучиња.“ – стои во соопштението испратено од кабинетот на градоначалникот. Тој вчера се уверил дека изведбата се реализира согласно предвидение рокови.
„Како локална самоуправа која навистина се грижи за безбедноста на своите граѓани, продолжуваме со работа на терен, потполно заборавени, а овојпат и на наше барање отфрлени од централната власт.


Неодамна, слушајќи ги насоките на премиерот Ковачевски, поднесовме комплетна проектна документација за поддршка во реализацијата на целиот проект за изградба на прифатилиште во вредност од 46.586.092 денари, со цел заедничко и брзо делување во решавањето на овој горлив проблем за Битола. На ова, добивме одговор дека, Владата не планира средства за општина Битола, за оваа намена.
Ваквата постапка, ги негира ветувањата на премиерот дека, нивната тенденција е решавање на проблемот со бездомните животни на национално ниво, дека планираат комуникација со Брисел за обезбедување финансии за решавање на оваа проблематика, како и дека сите региони имаат еднаква важност за централната власт.


За жал, Пелагонискиот регион и посебно Битола се целосно неважни за власта, а тоа го потврдува и ова мислење од Министерството за финансии доставено до општината, во кое на нашето барање за финансиска помош од Владата во делот на реализација на прифатилиштето и измени во законската регулатива, Министерството не известува дека во буџетот немаат планирани средства за оваа намена и ни укажуваат дека општината е потребно да ги планира потребните средства за оваа намена во рамките на Буџетот на општина Битола. Додаваат дека, во делот на измена на законската регулатива потребно е да се земат предвид мислењата на надлежните институции, иако ова не е случај за други проекти кои сакаат да ги реализираат, на чуден и неразбирлив начин.
Општина Битола, продолжува со работа и на оваа проблематика, како што паралелно работи на изградба и реконструкција на улици, социјална заштита, културна промоција, спортска поддршка и реализација на сите проекти кои значат подобри услови за нашите граѓани“, вели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. “


1051