Со увозниот јаглен се увезле и аномалии во РЕК „Битола“

Вака ПРИЗМА и авторот Гоце Трпковски го насловиле последното свое истражуавање за состојбата со БЛОК 3 во РЕК Битола, објавено пред три дена.
„Блок 3 на РЕК „Битола“, од јануари има проблеми во функционирањето. Еден од причинителите е и увозниот јаглен што по употребата остава наслаги слични на бетон, тврдат, за БИРН, повеќе независни извори што инсистираат на анонимност. Станува збор за јаглен што содржи материи што се лепат за опремата. Нивното отстранување е тешко и ризично за постројката. “ – се вели во објавената новинарска сторија и покрај официјалниот став на ЕСМ дека проблемите во Блок 3 потекнуваат од староста и лошото негување на постројката. За ПРИЗМА, проблемот може да се лоцира во огромното количество јаглен што било увезено од Албанија, и тоа од фирми во кои немало ниту доволно транспортна механизација ниту луѓе поврзани (познавачи н.з) со енергетика.

Понатаму авторот се повикува на гласините кои кружеле по социјалните мрежи, а објавува и фотографии за состојбата на блоковите пред и по нивното „редовно„ чистење, па се посочува и на фактот дека се користел т.н битуминозен јаглен.
Целата сторија на : https://prizma.mk/so-uvozniot-jaglen-se-uvezle-i-anomalii-vo-rek-bitola/
Фото насловна : слика од екран, сопственост на prizma.mk/
