April 16, 2024

За денеска најавена вонредна седница на Советот на општина Битола

По барањето на градоначалникот Коњановски да се одржи седница за донесување одлуки кои се важни и итни, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ испратила барање до претседателката на Советот и , за денеска ја најавија вонредна седница.
Седницата според најавите треба да содржи ги трите точки кои градоначалникот Коњановски ги посочи како итни во своето обраќање на Фејсбук: 1. Одлука за изградба на велосипедски патеки, за да може да се пристапи кон издавање на одобрение за градење и реализација на овој проект оваа градежна сезона. 2. Одлука за аплицирање за финансиска поддршка од УНДП, вклучувајќи и општинско кофинансирање за Проектот: „Каскадно уредување на коритото на реката Драгор“. 3. Извештај за проценка на штети изготвен од Комисијата за проценка на штети од минатогодишните поплави, за да може граѓаните кои пријавиле штети да бидат соодветно обесштетени.
Крајниот рок УНДП завршува денес, 18 мај.


Со барањата и вчерашната потврда на Илиевска за ТВ ТЕРА дека вонредна седница ќе има се очекува надминување на политичката контроверза којашто започна пред 3,5 недели. Последната , 26 седница на Советот беше прекината од Илиевска , а продолжена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои според членот 56 од Деловникот, го избраа највозрасниот советник за привремен претседавач.
Зголемување на надежите за нормализирање на работата на Советот се појави и по вчерашната изјава на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој на новинарско прашање за оценка на состојбата.


„Тоа е во наделжност на инспекторатот (за локална самоуправа н.з) и тие се независни во тој поглед. Таму има неколку работи. Седницата е, како да речам, неправилно прекината. Точките што се изгласани до прекинот не се потпишани, што е прекршок. Продолжението е со потребно мнозинство и тие точки што се гласани со тоа мнозинство , ќе бидат, јас сега прејудицирам инспекторот носи одлука, ќе бидат потврдени. Има деловнички точки кои бараат квалификувано мнозинство кои не можат да бидат прифатени, ќе мора да бидат обновени. Но, во секој случај ќе направиме напор Советот да продолжи со работа и Општината да функционира нормално“, рече Пенов.


1072