April 20, 2024

Втор адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME

Во организација на Општина Македонски брод на 03 и 04 Јуни 2023г во Самоков ќе се одржи вториот адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME.Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на с.Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам.
Базата на фестивалот, на кој очекуваме да учествуваат повеќе од 500 вљубеници во природата и авантуристи ќе биде на фудбалскиот стадион, каде ќе има организирано кампување на учесниците, придружено со културно забавни активности.
Кампинг зона за шатори ќе има и во Ресторан Чифлик.
Учесниците со своите спортски вештини ќе можат да се презентират во следниве дисциплини и истите ќе имаат ревијален карактер :

  • возење со теренски возила ( џипови)
  • возење со мотокрос
  • возење со АТВ возила
  • возење со МТБ велосипеди
  • планинарeње

Планинарска тура

  • Се стремиме кон Порече заради не толку често посетените убавини кои пленат со зеленило и недопрена природна убавина. Добра Вода е не толку посетена планина и баш поради тоа плени со својата недопрена убавина. Таа е висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м).
  • За вас подготвивме многу интересна тура со локалните волонтери од Самоков заради подобро запознавање на магијата на Порече. Самоков е срцето на Порече, ако не верувате дојдете и ќе видите сами.

Велосипедската тура е насловена„Вело Че низ Порече“
Како дел од овогодинешниот адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME ќе биде и велосипедскиот настан „Вело Че низ Порече“ во организација на здружението ВЕЛО ЧЕ, кој оваа година ќе се одржи по петти пат. Базата традиционално ќе биде во Ресторанот Чифлик, каде што ќе има и организирана камп зона за шатори.
На учесниците ќе им бидат понудени две велосипедски тури, и тоа :
Мала Тура – GREEN TOUR … која се вози по течението на река Треска…со освежување во с.Црешнево ;
Голема Тура – EPIC TOUR … која се вози до Фојник каде велосипедистите ќе ги чека пункт за освежување;
Стартот на велосипедските тури ќе биде од Ресторанот Чифлик.
За сите детали, придружни информации и пријавување за вело турата ќе бидете информирани преку следниот настан https://www.facebook.com/events/699167818278954

Програма:

Сабота 03.06. 2023г.
09.00ч – 12.00ч пристигнување на учесниците и формирање на кампот каде ќе престојуваат
12.00 ч – 14.00 ч регистрација на учесниците и подигнување на стартните пакети
14.00 ч ревијално (заедничко) возење на учесниците со теренски возила, мотокрос и АТВ возила на релација: Самоков – с.Рамне – с.Брест – Фојник планина – с.Требовље – Самоков.
20.30ч палење на логорски оган и дружба на учесниците и месното население
22.45ч Концерт и заедничка забава (името на бендот дополнително ќе го знаеме)

Недела 04.06.2023г.
09.45ч поздравен говор на Градоначалникот на Македонски брод Г дин Жарко Ристески
10.00ч заеднички старт на учесниците во сите дисциплини (стартот на велосипедските тури ќе биде од ресторанот Чифлик)
Возачите на теренски возила, АТВ возила и мотокрос ќе возат на релација : Самоков – Добра вода – с.Бенче – Самоков


1264