Во Битола денес се одржа регионална трибина на тема: ,,ПОВРАТЕН БИЛЕТ, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ЛИ ДОМА?”

На трибината присутните ги поздравија Градоначалникот на општина Битола и Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

Идната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и Проф д-р Христијан Мицкоски сериозно ќе работи во интерес на младите затоа што:

– неопходни се демографски, образовни, социјални и економски политики, во формалното и во неформалното образование.

– младите низ образовниот процес да се стекнуваат со знаења и со вештини што му се потребни на бизнис-секторот и кои се веднаш применливи.

– потребни се и добро дизајнирани обуки, како и програми за доквалификација и за преквалификација на младите што го завршиле формалното образование и кои се невработени.

“Младиот човек во Европа, Германија, Шпанија, Франција се бори за нови научни достигнувања, за нови успеси во роботиката, претприемништвото и ит индустријата, младиот човек од Македонија се бори за пристоен оброк во студентски дом. Тоа е колективниот неуспех на нашето општество.

Младите ќе се најважниот фокус, не само преку проекти туку и преку политики кои ќе ги имаме. Мораме да ја обезбедиме нивната иднина преку слушање на нивниот глас за нивните потреби”

Проф д-р Христијан Мицкоски

Говорници:

Проф. д-р Лазар Јовевски, претседател на Централна комисија за труд, социјална политика, демографија родова еднаквост на ВМРО ДПМНЕ

Мартин Андоновски, Генерален секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ и

Мартин Ивановски, претседател нa УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК Битола


1163

Задолжително

Verified by MonsterInsights