March 29, 2024

Прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Битола

БОРБАТА ЗА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА!

Почитувани граѓани,

Маските паднаа, денес бевме сведоци на ново непријателско здружување кое е против изградба на велосипедски патеки и пешачки патеки во Битола.

И покрај сите напори на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,општинската администрација и претставници од здружението БитолаНаТочак да се убедат сите советнички групи во Советот на општина Битола да дадат поддршка за жал советничките групи на СДС, Левица и Поинаку не дадоа поддршка за изградба на велосипедски патеки.

Иако за време на предизборниот период на сите јавни дебати сите повикуваа дека потребно е Битола да стане велоград денес на дело се виде дека сето тоа било само за собирање на политички поени.

Денес од страна на советничките групи се случи класичен пуч кон сите љубители на велосипедизмот во Битола.

Ние како советничка група активно ќе се бориме и оваа точка уште еднаш ќе ја предложиме на наредната седница.

Исто така имаме и една порака до сите велосипедсти во градот да не се обесхрабруваат бидејќи нивната желба за Битола да има велосипедски патеки ќе биде реализирана.

Покрај сите административни препреки кои Битола ги има во изминатите години за Битола да добие велосипедски патеки денес бевме сведоци дека покрај административните препреки имаме и политички препреки од политички партии кои не им е гајле за велосипедисти.

Борбата за велосипедски патеки во Битола продолжува!


1075