Повратен билет за дома – проблеми 100, решенија 2

83% или секој 7 млад/а граѓанин/ка во Македонија не ја гледа својата иднина овде, ниту се општествено активни. Младите (и нивните родители) вложуваат во образование, но не овде, туку се образуваат надвор; лани 800 Македонци запишале студии во Словенија, во последните 8 години 11.000 млади заминале да студираат надвор од државата , од нив и средно завршиле надвор од државата. Дел од нив заради наставна програма на факултет кој котира на Шангајската листа на универзитети, дел, за да не ја живеат мачната атмосфера која владее тука.

Вчера 650 млади со 13 автоуси отидоа да бидат туристички работници во Хрватска; таа држава лани издаде 2.500 работни визи за млади од Македонија, годинава, уште туристичката сезона непочната, издала 5.000 работни визи за туристичката сезона.

Податоциве одекнаа и ги замислија вечерва присутните во салата на Кино Манаки во Битола на трибината на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Битола. А ги споделија Проф. д-р Лазар Јовевски, Мартин Андоновски, и Мартин Ивановски.

„ Пред една недела го испративме другарот во странство, го прашувавме што да направиме за да го задржиме, тој кажа дека ако остане овде нема средства ниту за егзистенција. Проблемот е што ние немавме аргументи за спротивното “ – сподели личен пример Мартин Андоновски, генералниот секретар на УМС ВМРО-ДПМНЕ.

56 годишниот пријател на проф. Д-р Лазар Јовевски, претседател на централната комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, вработен со семејство, заминал во Чешка. „Не можам да го издржам притисокот на работа, неправдата и безаконието кое владее “ – му кажал непосредно пред да замине. A младите студенти на кои им предава на УКИМ во разговори за тоа каде се наоѓаат на пазарот на трудот, порано се „гледале“ во јавниот сектор, а сега ниту таму, затоа што „ тој е политизиран, владее дискриминација по политичка основа и мобинг“.

Примери за жал има многу. “Младиот човек во Европа, Германија, Шпанија, Франција се бори за нови научни достигнувања, за нови успеси во роботиката, претприемништвото и ИТ индустријата, младиот човек од Македонија се бори за пристоен оброк во студентски дом. Тоа е колективниот неуспех на нашето општество.“ – е констатацијата и на лидерот на партијата организатор на оваа трибина.
„Во последните години во замаф е достигнувањето на дното за сите сегменти од една држава“. – рече во воведот Мартин Ивановски, претседател на УМС Битола.

Ова неминовно може да ве води кон споредбата и фактот дека развојот на Македонија секогаш бил различен од оној на Европа. Во 1903 Ајфел ја промовираше Ајфеловата кула, Македонија го креваше Илинденското востание. Но, чувството дека по еден век и дваесет години резултатот е поразителен заради лошите политики и однесувања на водачите, луѓето кои носат одлуки во државата е неодминливо.

Во констатацијата на состојбите кај трите говорници , но и кај младата публика која поставуваше прашања може да се набројат низа поврзани фактори кои се последица и генератори на лоши состојби истовремено: посакуваме демократија но сме далеку од неа, тие што се во државата се заборавени од власта, студентските домови им се руинирани, нема елементарни студентски услови, нема сигурност во државата, македонската култура се бори за опстанок, нема солидно поставено образование, на талентираните не им се посветува никакво внимание, нема функционален здравствен систем, а нема ниту правна држава. Двајца од тројца сакаат да се иселат.

Решение?

Според проф. Д-р Лазар Јовевски, две нешта: 1. Итно јакнење на економската база на државата и 2. Итно воведување правен поредок, ред и мир. И овие двете уште веднаш и паралелно.
„Ако ова не го направивме како што треба, нема да не биде. “

Како претседател на централната комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ проф д-р Лазар Јовевски упати повик до сите граѓани, без разлика дали досега ја поддржувале или не, да се обединат на следние избори во глас за ВМРО-ДПМНЕ. На трибината наброја и неколку поранешни и неколку нови мерки и политики за мотивирање на младите да останат во државата, кои владата би ги донела веднаш по изборот.


Вечерашната трибина е само еден обид да се одговори на прашањата со кои се соочуваат сите граѓани на Македонија во последните десетина години. „ПОВРАТЕН БИЛЕТ, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ЛИ ДОМА?” или, како да се задржиме сите во родната држава и да ја направиме место кадешто ќе сакаме да живееме. Дел од трибините што Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за широка публика, за кои Ангелка Диневска, претседател на Унијата на жени од Битола и модератор на настанот најави дека ќе продолжат.


1176

Задолжително

Verified by MonsterInsights