June 6, 2023

Се реконструира водоводот на ул. Студентска

ЈКП “Водовод” – Битола започна со најавената реконструкција на водоводната мрежа на ул.Студентска ( се инсталираат цевки со профил 8 со која се заменува АЗЦФ 100 со ПЕФ 100 ПЕФ 110 и профил 9 со која се врши замена на ПВЦ Ф225 со ПЕФ 225).
Работните активности се реализираат како дел од проектот на општина Битола “КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИ ВО НАСЕЛБАТА НЕДОПИРЛИВИ” информираат од ова јавно комунално претпријатие.


1028