Седумчлена делегација од Општина Новаци во официјална посета на збратимената Општина Хрпеље Козина во Словенија

Официјална делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Стевче Стевановски деновиве е во посета на збратимената словенечка општина Хрпење Козина.
Неколкудневната посета им овозможи на делегациите да разменат искуства, а на нашата делегација да се запознае со современи и практични решенија за основните надлежности од т.н комунална област.

Посетата започна со свечена седница на која градоначалничката Саша Ликавец Светелшек ја претстави општината и проектите кои се започнати и се градат, и она што е направено во изминатите години. Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски ги запозна домаќините со општината,тековните и идните проекти и можните полиња на идна соработка.
На свечената седница беа разменети пригодни подароци во знак на доброто пријателство.

Делегацијата го посети здравствениот дом, детската градинка и основното училиште, индустриската зона, митскиот парк и музеј во Родик, посета на фармата Махне во Татре и семејната сирењара, овоштарникот во Прешница и локалниот бизнис за производство на сушено месо во Слопе.
При посетата на доброволното противпожарно друштво во Материја на македонската делегација им беше донирана противпожарна опрема и дваесет комплети противпожарна облека.
Општините Новаци и Хрпеље Козина се звратимени десет години и редовно ја одржуваат соработката и комуникацијата која и понатаму ќе трае.
На делегацијата им се придружи и амбасадорот на Македонија во Словенија , Горан Милевски.



Извор: Општина Новаци
