March 28, 2024

„Децата на партијата“-книга на Серјожа Марков

„Децата на партијата“ книга на адвокатот Серјожа Марков денеска доживеја своја промоција. Еминентниот адвокат нагласи дека напишаното во книгата долго време тлеело во него и оти се надева дека она што тој го пишувал како тој ги гледал работите во тоа време ќе им се допадне на читателите.

Книгата опфаќа период од 1991 година до 1993. Тоа се првите години од осамостојувањето и од формирањето на првите партии со национален предзнак. Во ова дело е напишано како ја ги гледав работите за тоа време кое е доста значајно-истакна авторот на промоцијата.

На страниците од ова ретко возбудливо четиво дефилираат автентични ликови, кои во деведесетите години на минатиот век ќе го пробудат националното чувство  кај македонскиот народ. Всушност, авторот дава широка слика на првите години од осамостојувањето на нашата држава, во која идеализмот и политичкиот романтизам заземаа посебно место. Особено возбудливи се страниците, во кои се говори за челниците од тоа време, кои идеалите ги заменија со бизнис цели, така што денес тие „прераснаа“ во „големи бизнисмени“.

Серјожа И. Марков по професија е адвокат и ко-основач на адвокатско друштво. Автор е на стручни  трудови од областа на правото, како и на книгата „Енергетстко право“. Почесен конзул е на Република Молдавија во Република Македонија.

Книгата „Децата на партијата“ ќе ја промовира познатиот македонски писател и полиглот, Паскал Гилевски.


1106