April 26, 2024

Независна музичка сцена најавува нова панел дискусија за развојот на музичката сцена

За самиот крај од месецот, 31.05.2023 Независна музичка сцена, во соработка со КИЦ Битола и европската фестивалска мрежа MOST најавуваат нова панел дискусија за развојот на музичката сцена во Битола, но и генерално во државата. Па велат:

„Битола со право може да се нарече „ македонски Ливерпул“. Најдобрите бендови, композитори, изведувачи итн.кои се дел од македонската музичка историја и сегашност се од Битола. Но, за цело време, се провлекуваат истите проблеми, недоречености, иницијативите се раѓаат и гаснат, луѓето се повлекуваат, бендови стигнуваат до некаде и стагнираат…Куп проблеми, разочараност и чекаме „некој друг да ни ги реши проблемите“…Ајде да прајме муабет за тоа, да се „испукаме“ и „исплукаме“, па да видиме „Шо напрајме и шо треба да напрајме“, за да работите се променат на поарно. Затоа ја иницираме првата јавна панел дискусија за состојбите со независната музичка сцена во Битола, да покажеме дека има критична маса која сака промени!“


КИНО МАНАКИ-КИЦ Битола, 31.05.23, 18.30
Настанот е поддржан од европската фестивалска мрежа MOST и Creative Europe.


1027