April 26, 2024

Св. Кирил и Методиј: златна епоха на словенската писменост

Во организација на Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО- ДПМНЕ- Битола, ќе се реализира јавната трибина на тема “Св. Кирил и Методиј- златна епоха на словенската писменост” со посебен акцент на нашата МАКЕДОНИЈА-лулка на писменоста.
Трибината ќе биде збогатена со авторски рецитал од професорка Наташа Швигир, во изведба на Ангела Плушковска и Викторија Брдаровска.
За усното изложување од историски аспект од книжевен и јазичен дел, ќе се погрижат професорите:
Проф. Горан Талевски- професор по Историја.
Проф. Наташа Швигир- професор по Македонски јазик и литература.
Трибината ќе се одржи на 25.05.2023 година, четврток, во 19:00 часот во кино ” Манаки “- Битола.


1072