December 7, 2023

Националниот ден на Власите / Ароманци култура е државен празник во Македонија.
Празникот го одбележува денот на објавувањет на Ароманците како посебна етничка и лингвистичка група во Отоманската империја. Историјата говори , во 1905 година султанот на Отоманската империја Абдул Хамид II го признал влашкиот милиет – инаку познат како Ула Милиет.
Унијата на власи на Македонија со свечена академија го одбележа овој значаен ден за заедницата. Проблемот на кој сите припадници на влашката заедница мора да се фокусираат е одржувањето на јазикот.
На проблемот во своето обраќање се осврна адвокатот Јанаки Митровски.
„ Во Македонија е повеќе од сигурно дека има многу луѓе кои имаат влашко потекло, но дел од нив дали се срамат дали си прават асимилација, постојат жални ситуации каде што има еден родител Влав или уште полошо каде има двајца родители Власи, а не го говораат јазикот, а за тоа не може да биде никој друг крив ниту државата ниту другите етнички заедници,“ порача Јанаки Митровски.


„Власите од целиот свет се навраќаат и се сеќааваат на своето славно минато ги слават своите славни историски имиња, но изразуваат и голема благодарност на народите со кои што живеаат со векови и кои во одредени историски периоди помогнале во нивното битисување огромна е улогата на Власите во историските настани на немирниот Балкан. Историјата запишала дека во времето кога се создавале новите национални балкански држави овие потомци на овој стар народ биле рамо до рамо со сите херои од Балканот во своето постоење и биле дел од интелектуалито сталеж и интелектуалната политичка и економска елита на овие простори, порача Благој Бочварски на свечената академија министерот за транспорт и врски.

Фотографии: сопственост на Унија за култура на Власите од Македонија


1016