March 28, 2024

Битолската зоолошка и битолската библиотека ќе реализираат заеднички проекти

Заедничкото учество на повици и реализација на заеднички проекти , генерално соработка е дел од ветувањето што директорите на НУУБ Св. Клименто Охридски и Зоолошката градина во Битола го направија во име на двете институции. Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски со директорката Елена Мирчевска од ОЈУ Зоолошка градина – Битола потпишаа меморандум за соработка.
Заемна размена на информации, знаења и и скуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност; – одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл. – работилници за едукација на животни; – читање на приказни со тема за животни и многу други активности поврзани со читање на книги и животни се точките околу кои ја планираат соработката .


1070