НЕ за спојување на наставните предмети и мали плати ! – протест на независниот синдикат за образование и наула

24 мај , денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј просветните работници организирани во Независниот синдикат во образование и наука (НСОН) ќе го одбележуваат со протест против промените во образовниот систем и владиното непочитување на колективните договори.
Во својата најава, барања, ставови велат :
„НЕ за спојување на наставните предмети!
ДА за почитување на колективните договори!

-Како за функционерите, така и за просветните работници!

-2,5 (коефициент) X минимална плата!

-Достоинствено вреднување на трудот на просветните работници!

-Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика, Техничко образование.“

Според најваата, протестот ќе започне на пладне ( 12.00ч) во Скопје, со маршрута од Жена-парк на ул.„11 Октомври“, преку ул.„Димитрие Чуповски“, бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“, па сѐ до зградата на Министерство за образование и наука.
Протестот велат е резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права и достоинството на просветните работници.


1057