Демократијата во Македонија подобрена за 0,04 благодарение на локалното владеење

„Рејтингот за локално демократско владеење се подобри од 4,00 на 4,25 за да го одрази повеќегодишниот тренд на подобрено локално управување, вклучително и зголемено граѓанско учество во донесувањето локални одлуки и подобрена општинска транспарентност.
Иако општините остануваат недоволно финансирани, прифаќањето на предлозите од страна на Заедницата на општини годинава привремено ги ублажи финансиските притисоци поради зголемените трошоци за енергија. Како резултат на тоа, оценката за демократија на Северна Македонија се подобри од 3,82 на 3,86.“

Ова засега е дел од објавениот извештај на Фридом Хаус – Нации во транзит, годишна оценка на состојбата на демократијата во земји од Централна Европа до Централна Азија.
Оценките се базираат на скала од 1 до 7, при што 7 претставува највисоко ниво на демократски напредок, а 1 најниско. Резултатот за демократија е просек од оценки за категориите следени во дадена година. Процентот на демократија, воведен во 2020 година, е превод на оценката за демократија на скалата 0-100, каде што 0 е еднакво на најмалку демократско и 100 е еднакво на најдемократско.
Од 100 места, Македонија е на 68 место во глобалната бодовна листа и е дефинирана како „делумно слободна земја“.
