Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, објави претседателска кандидатура за 2024 година

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, официјално ја објави својата кандидатура за републиканска номинација за претседател, објавувајќи ја веста со видео од кампањата и директна комуникација со стотици илјади корисници на социјалните мрежи. Документацијата ја поднел вчера до Федералната изборна комисија, пред неговиот планиран настан со Маск и интервјуто за Фокс њуз подоцна навечер.
За време на објавата на Твитер, Десантис одговара за имиграциската криза: „Да бев претседател, би го сменил сето она што Бајден го прави. Ќе прогласиме национална вонредна состојба на првиот ден, ќе изградиме граничен ѕид, ќе останеме повторно во Мексико и ќе се справиме со картелите кои шверцуваат луѓе и фентанил во нашата земја. Не можеме да дозволиме овие криминални организации да продолжат да го трујат нашето население. Ќе го запреме ова лудило еднаш засекогаш на првиот ден.“
Избегнувањето на традиционалните медиуми за медиумите стана главна вест, освен за тие кои се директно врзани со демократската партија кои денеска објавуваат дека ДеСантис е полош од Трамп. И додека „Њујорк Тајмс“ ја нарече најавата на ДеСантис „фијаско“, „Ен-Би-Си Њуз“ го нарече настанот „топење“, „Вашингтон пост“ го нарекува „незгодно“, а „Политико“ настанот го дефинира како „ужасно“, РонДеСантис во првиот час од објавата и поканата на корисниците да донираат за неговата кампања, собра 1 милион долари.

Сите овие се единствени во информацијата дека „Како гувернер на Флорида, ДеСантис водеше политики за поделби, насочени кон културна војна, вклучително и потпишување на шестнеделна забрана за абортус и таргетирање на наставата за ЛГБТК+ и расните прашања во јавните училишта“.
