РК Еурофарм Пелистер е нов македонски ракометен шампион

РК Еурофарм Пелистер пред преполна „зелена“ сала со победа над РК Тиквеш Кавадарци стана македонскиот ракометен шампион за сезоната 2022/2023.


Тренерот Александар Јовиќ, пред 18 години кога последно битолскиот ракометен клуб беше македонскиот шампион бил дел од ракометната екипа изјави : „18 години чекавме на овој прекрасен ден, да го вратиме шампионскиот пехар каде што му е местото. Мислам дека ова е заслуга на целиот тим, стручен штаб и управата. Самата клупска визија беше најдобра годинава. Во разговори со управата ќе се направи сè за да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите. Сакаме добро да се претставиме меѓу 16. најдобри во Европа. Сметам дека сега е моментот да удриме добри темели и да го стабилизираме клубот, за уште долго да бидеме шампиони на Македонија“.


Еурофарм Пелистер, предводен од двоецот Звонко Шундовски и Александар Јович во следната сезона треба да ја претставува Македонија во лигата на европските ракометни шампиони.
Битолчани ја прославија оваа титула на Широк Сокак и плоштадот Магнолија кадешто на ракометарите им се придружи и Димитар Андоновски.
