Судири на демонстранти и полициски припаднициво четири косовски општини на северот од државата

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје одекнаа денеска во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога албанските градоначалници требаше да ја преземат функцијата.
Во утринските часови групи граѓани се собраа пред зградите на институциите во четири општини со мнозинско српско население – Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, но и во северниот дел на Косовска Митровица.
Според извештаите на Радио Телевизија Србија, во судирите меѓу демонстрантите во звечан и припадниците на полицијата можело да се забележи чад и борбени возила на косовската полиција, запален полициски автомобил.
Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, потпишал наредба за подигање на борбената готовност на единиците на вооружените сили на Србија на највисоко ниво и им наредил да се движат кон административната линија со Косово.
фото насловна : сопственост на AlJazeera
