В среда редовна седница на Советот на Општина Битола

Советот на Општина Битола за в среда 31 мај од 10.00часот ја најави својата 27 редовна седница
На дневниот ред предложен од претседателката Габриела Илиевска се предвидени 64 точки.
Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола во првиот квартал од 2023 година, Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Битола за 2023 година, Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за користење на земјиште во општа употреба за поставување урбана опрема и поставување урбана опрема за кое не може да се наплаќа комунална такса на територија на општина Битола, Програма за измени и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2023 година се првите точки за кои се очекува и најплодната дискусија на избраните советници.
За расправа се предложени изавршните сметки на основните и средните општински училишта и програмите за вработување на дел од нив, и, 26 одлуки за утврдување на потреба за донесување на урбанисточко-планска документација.
Советниците треба да ја разгледаат и предложената Одлука за зратимување на Општина Битола со Општина Осиек од Република Хрватска и Одлука за давање согласност за склучување на Договор за заедничко вложување, управување и соработка во КК Пелистер АД Битола.
Фото насловна: од архивата на PelaNet
