September 28, 2023

Битолски КУД Илинден најдобар на Балканскиот фестивал во Корча, Албанија

„Заврши фестивалот “Balkan Spirit” во Корча.
Помеѓу земјите учеснички од Македонија, Грција, Албанија и Босна и Херцеговина, КУД Илинден Битола ја освои наградата која оваа година се доделува на овој фестивал “Највисоко уметничко ниво” (High artistic level)…“

Ова е објавата на официјалната страница на КУД Илинден од Битола со која се потврдува долгогодишната уметничка работа на сите генерации кореографи, танчери, тренери.


Викендов по петти пат се одржа фолклорниот фестивал Балкански Дух во Корча, Албанија, а КУД „Илинден“ од Битола настапува по втор пат.


1055