September 28, 2023

Ердоган кажа „сите валкани игри пропаднаа“, меѓународната заедница побрза да честита

Реџеп Таип Ердоган вчера победи во вториот круг од претседателските избори со 52,14 отсто, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,86 отсто, покажуваат податоците на Врховниот изборен совет.
Говорејќи пред претседателскта резиденција во областа Бестепе во Анкара, Ердоган коментирал дека „сите валакани игри во однос на Турција пропаднаа“. А потоа и со песна / серенада упатена кон неговите поддржувачи си ја честитал победата. Славење за третиот претседателски мандат на Ердоган имаше и во Скопје, иако , според Анадолија, во четирите гласачки места отворени во Македонија , Кемал Кличдароглу победил со 916 гласови , а Ердоган освоил 761.

Фото: Победата на Ердоган одбележана на улиците во Скопје / сопственост на timebalkan.mk


Лидерите на Унгарија, Азербејџан и Узбекистан беа меѓу првите кои му честитаа на Ердоган. Честитки упатија и британскиот премиер Риши Сунак, како и лидерите на Германија, Франција и Италија.
ЕУ, како и НАТО, исто така му честитаа на Ердоган за неговиот реизбор, а американскиот претседател Џозеф Бајден, како и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, упатија честитки.
BBC анализира дека кога се работи за избори во Турција очигледно е дека Ердоган го знае своето гласачко тело, но дека тесната победа и коментарите на неговиот противкандидат за изборна измама ќе го натераат подлабоко да размисли кои чекори ќе ги преземе. Кличдароглу победи во големите развиени и интернационално разновидни градови кадешто има многумина кои се спротивставуваат на ригорозните исламски методи спроведени од Ердоган.


Турција е стратешки важна за НАТО, продолжуваат аналитичарите кои ги коментираат честитките упатени од големите светски сили уште денот не почнат.
Во текот на кампањата неговиот противник најпрвин се претставувал како “господин“ кој ветувал нова пролет за Труција, за во тек на кампањата да се сврти кон ризични за Големите тези – дека сите бегалци ќе ги испрати дома, дека ќе ја намали инфлацијата и дека претседателската палата во Анкара со 1000 соби ќе ја направи јавен туристички објект.
Ердоган пак, за западните медиуми е исламски автократ, или како што пишува BBC @силен лидер, последниот султан кој никому не се поклонува. “


1093