March 28, 2024

Македонско-хрватското друштво за денот на државноста на Хрватска организира посета на театарска трупа и концерт во Битола

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, Македонско-хрватското друштво (МХД) и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола и оваа година ја продолжува традицијата на културно спојување и претставување.


Овојпат во градот коорганизатор е културниот и информативен центар; најавените настани ќе се реализираат во КИЦ Офицерски, на 2 јуни.

Од 19.00часот ќе се одигрува претставата „Семејна идила“ од М. Ненадовиќ , во адаптација и драматизација на Ж .Вицулин, а во изведба на Народен театар Сињ , а потоа присутните ќе имаат можност и да уживаат во концерт на клапата „Жрновница“ од Жрновница, Хрватска.

Денот на државноста на Хрватска се одбележува во спомен на 25 јуни 1991 година, кога Хрватското собрание ја изгласа декларацијата за прогласување на самостојна и суверена Република Хрватска. Тоа е еден од позначајните датуми на хрватската историја, камен-темелник на обнова на хрватската држава.

2 јуни од 19.00ч
КИЦ Офицерски


1192