September 28, 2023

Претстави на режисерот Дејан Пројковски на десеттата Светска театарска олимпијада

Претставите „Ричард трети“ и „Ана Карењина“ на режисерот Дејан Пројковски , двете во продукција на театарот од Нови Сад, се дел од официјалната програма на Светската театарска олимпијада.

„10-тата театарска Олимпијада ќе претстави 750 продукции на 400 театарски, танцови и куклени театарски трупи од 58 земји, на кои настапуваат 7.500 изведувачи. Програмите се одржуваат во речиси 100 места низ целата земја. Олимпијадата ќе се одржува до 1-ви јули.“- пишува во објавата за медиуми Неда Маретиќ, уредник за култура во ТВ ТЕРА.

„Претставата „Ричард трети“ во режија Пројковски беше изведена во Печ, во рамките на Олимпијадата. Оваа претстава е добитник на многубројни награди и тоа: наградата за најдобра театарска режија – за цела театарска сезона во Србија, според Belgrade Edt Culture, блог за куктура; апсолутен победник на театарскиот фестивал во Младеновац, и тоа ги доби наградите за најдобра претстава и од жирито и од публиката.
Главната улога во претставата ја толкува Арпад Месарош, а играат и Габриела Црнковиќ, Ливиа Банка, Атила Немет. Тука е и Олга Панго, која беше задолжена за сценското движење во претставата. Сценографијата е на Валентин и Сергеј Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски.“

Соработката со реномирани театарски уметници Пројковски ја примени и во претставата „Ана Карењина“ . Се одиграла на театарската сцена во Кечкемет. – пишува Маретиќ.

„Ова ремек дело на Толстој, можеби најпознатото од ерата на реализмот, оживува сцената во Новосадскиот театар и е една од најпосетуваните претстави не само во земјата, туку и во регионот.
Имено, оваа претстава ги понесе и наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврџава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање, “Позоришно пролече“ во Шабац и други, беше рангирана и во најдобрите пет претстави во театарската сезона 2019/2020, според проценката на порталот „Едит култура во Белград“.
Со овие награди, „Ана Карењина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

Ана Карењина наизменично ја играат Марта Береш и Тимеа Филип. Во претставата играат: Атила Немет, Арпад Месарош, Золтан Сирмер, Џудит Ласло, Габор Понго, Бланка Диенеш, Агота Ференц, Роберт О Швар, Ливиа Банка, Терезија Фигура, Мартин Бохоки и др.
Кореографка на претставата е Олга Панго, музиката е на Горан Трајкоски, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографка е Марија Пупучевска. “ – пишува Неда Маретиќ.

Извор: автор Неда Маретиќ, ТВ ТЕРА


1042