March 29, 2024

Една од точките на дневен ред за седницата закажана за в среда е и предлогот Одлука за збратимување на Општина Битола со Општина Осиек од Република Хрватска, при што видот и начинот на соработка помеѓу збратимените општини од член 1 на оваа Одлука ќе се утврди со посебен Договор за меѓусебна соработка, а се овластува градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски да го потпише актот за збратимување на општините.

Инаку, Осиек е град во источна Хрватска, најголем град во Славонија, четврт по големина во Хрватска и е индустриски, административен, судски , конзулски и културен центар.


1110