April 22, 2024

Пронајдени украдени предмети во Битола и вратени на сопствениците

На 26 и 28.05.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола по преземени мерки и активности на подрачјето на Битола пронајдоа и им вратија на сопствениците претходно украдени предмети.
Имено, од правно лице од Битола биле одземени предмети од нива во атарот на с.Могила, а од А.Т.(31) од Битола од вело-паркинг на ул.„Столарска“ во Битола, бил одземен велосипед, негова сопственост, кои биле пронајдени и вратени.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


1170