September 28, 2023

Започна реконструкција на улица Драгорска

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со стручните екипи од општината извршија увид на воведните градежни работи за реконструкција на улицата „Драгорска“. Инфраструктурните активности започнуваат со реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, каде работните активности ќе ги извршува КЈП Нискоградба, во должина од 522 метри, додека на реконструкција на водоводната мрежа ќе работи јавното претпријатие „Водовод“.

Вкупната вредност на проектот, вклучувајќи ја канализационата, водоводната мрежа и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари.

Извор: Општина Битола


1079